Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Проект кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отварање на нови работни места, од средства на Агенција за вработување на РСМ, а со посредство на МБПР



Прифатливи корисници

Со Одлука на Управниот одбор на Проектот (формиран со Одлука на Влада на РМ од 25.02.2008 год.) им е одобрен кредит и кои ги исполнуваат следните услови:

  • кои се регистрирани најмалку 6 месеци пред денот на аплицирање
  • кои имаат изготвено годишна сметка за претходната година
  • кои имааат најмалку 1 вработено лице на денот на аплиции
  • кои не го намалиле бројот на вработени лица во последните  3 месеци, пред денот аплицирање,
  • кои сакаат да вработат невработени лица кои се евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија како активни баратели на работа, но кои не биле во работен однос кај истиот работодавач кој аплицирал за учество во Проектот најмалку 1 година пред денот на аплицирање.
Намена
  • Вработување на невработени лица преку кредитирање
Кредитни услови максимален износ
  • За секое новоотворено работно место по 3.000 ЕВРА со максимален износ  до 9.000 ЕВРА за 3 (три) новоотворени работни места
рок на отплата
  • до 4 години
грејс период
  • до 1 година
начин на отплата
  • Наплатата на главнината ќе се врши полугодишно, а на каматата квартално
Каматна стапка
  • 1% (фиксна) на годишно ниво
Обезбедување

За обезбедување на побарувањата се користат едно или комбинација од следните инструменти:

  • хипотека на недвижен имот во сооднос 1: 1 во однос на одобрениот кредит
  • сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист за која правата и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма на нотарски акт и со извршна клаузула
  • залог на подвижни предмети во однос 1: 2 во однос на одобрениот кредит
  • банкарска гаранција
Неприфатливи корисници
  • проекти со кои се предвидува самовработување во трговски друштва/правни субјекти со дејност, производство и промет на дрога и други штетни хемикалии
  • Напомени:

1. Во случај на доцнење се наплатува зголемена договорна камата во висина од 5 процентни поени над редовната.




Милица Милошеска, Стручен соработник за односи со клиенти (Loan оfficer)
Телефон: (02) 3168-507
e-mail: Milica.Miloseska@kb.com.mk

Горан Иваноски, Стручен соработник за односи со клиенти (Loan оfficer)
Телефон: (02) 3168-558
e-mail: Goran.Ivanovski@kb.com.mk