• Потребни документи


  • Процедура за одобрување



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Кредити за агроиндустрискиот сектор поддржани од УСАИД



Прифатливи корисници
  • индивидуалци, микро, мали и средни приватни друштва
  • задруги и фарми во Македонија
Намена

за основни средства - инвестиции

  • купување нова опрема и технологии (вклучително и воведување на системот „капка по капка“),
  • експанзија или замена на плантажи и стакленици,
  • проширување на основното стадо,
  • изградба и модернизација на производствените капацитети,
  • изградба на откупни центри
  • пренамена на куќи за развој на рурален туризам
  • проекти поддржани од ИПАРД и проекти под Националната програма за рурален развој на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
до 20% од вкупно одобрениот кредит може да биде наменет за обртен капитал
 
Кредитни услови максимален износ
  • До 500.000 УСД
рок на отплата
  • до 10 години
грејс период
  • до 2 година
валута
  • МКД или ЕУР 
Каматна стапка
  • референтна стапка + каматна маржа до 3,30 процентни поени, годишно, но не помалку од 2,30 процентни поени (за денарски кредити).
Како референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРМ (www.nbrm.mk) на секој 25.06. и на секој 25.12. под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието).
 
  • шестмесечен еурибор за евра + каматна маржа до 5,00 процентни поени, годишно, но не помалку од 4,00 процентни поени (за девизни кредити).
 
Како референтна каматна стапка се користи стапката на шестмесечниот ЕУРИБОР објавена на секој 31.12. и на секој 30.06. на веб-страницата на Банката и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). Доколку стапката има негативна вредност, во пресметката на номиналната каматна стапка истата ќе се зема со вредност 0,00.
 
Провизии
  • 0,3% за следење и водење на аранжманот по поткредитот;
  • 0,3% од износот на искористените средства од кредитот, но не повеќе од 100.000,00 денари
Обезбедување

вообичаени инструменти за обезбедување согласно Кредитната политика на Банката (хипотека на недвижен имот, залог на опрема, меници и др.)

за овој кредитен производ бараната покриеност на пласманите со вредноста на обезбедувањето ќе биде пониска споредбено со стандардните барања на Банката