Девизни гаранции
Банкарската гаранција претставува неотповиклива обврска на Банката да плати одредена сума пари во случај на неизвршување на обврските од договорот од страна на трето лице.
Комерцијална банка АД Скопје издава ностро девизни гаранции во корист на нерезиденти, врши прием и авизирање на лоро гаранции во корист на резиденти и врши авал на меници. Издавањето и работењето со гаранции Банката го врши согласно принципите утврдени во
општите услови за издавање на девизни гаранции.
Банката врши издавање и авизирање на следните видови девизни гаранции:
1. Плативи гаранции
- Гаранција за плаќање
- Гаранција за лизинг
2. Чинидбени гаранции
- Лицитациона гаранција
- Авансна гаранција
- Гаранција за добро извршување на работи
- Гаранција за обврски во гарантен рок и
- други видови гаранции, зависно од потребите на клиентите
Ностро девизни гаранции
Потребни документи за издавање / измена на ностро девизна гаранција се следните:
Лоро девизни гаранции
Комерцијална банка АД Скопје ги врши и следните гаранциски услуги:
- прием на гаранции преку SWIFT или од корисникот во оригинал и идентификација на автентичност на потписи;
- нотификација – проследување на гаранцијата до корисникот;
- проследување на Барање за наплата по лоро гаранција од корисникот до Банката гарант, заедно со придружната документација.
Лица за контакт
Служба за девизни гаранции
Телефон: (02) 3168-610; (02) 3168-611; (02) 3168-612; (02) 3168-615; (02) 3168-616
e-mail:
Емилија Георгиевска, Раководител на одделение за девизни гаранции
Телефон: (02) 3168-610
Факс: (02) 3220-981
e-mail:
Ивона Донева, Директор на дирекција за девизни кредити и девизни гаранции
Телефон: (02) 3168-619; (075) 421-026
Факс: (02) 3220 981
e-mail: