Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

SMS банкарство, Факс и извод на Е-mail за денарски трансакциски сметки на правни лица



За полесно и поедноставно следење односно увид на промените и состојбата на Вашата трансакциска сметка, Банката Ви ги нуди следните услуги:

 

- SMS известувања на мобилен телефон за приливи и одливи од денарската трансакциска сметка,

- Бесплатно доставување изводи на E-mail и

- Известување за промените на денарската трансакциска сметка преку Факс.

 

Корисник на услугата може да биде правно лице кое има отворено денарска трансакциска сметка, и/или:

 

- поседува мобилен телефон

- поседува факс апарат

- поседува валидна е-mail адреса уредно пријавена во Банката

 

Надоместоци за користење на услугата SMS банкарство за денарски трансакциски сметки на правни лица:

 

НАДОМЕСТОЦИ ЗА УСЛУГИТЕ SMS, ФАКС,  E-mail - ПРАВНИ ЛИЦА

Извод испратен на E-mail адреса

без надомест

СМС известувања за приливи и одливи од денарска трансакциона сметка

3 денари

ФАКС известувања за промени на денарска трансакциона сметка

3 денари

Надомест за испраќање на СМС известувања дефинирани од страна на Банката

без надомест

 

Потребни документи

За добивање и користење на услугата SMS банкарство за денарски трансакциски сметки на правни лица потребни се следните документи:

 

Барање за користење на услугите SMS, Факс и праќање извод на e-mail за денарски сметки на правни лица

- Општи услови за користење на услугите SMS, Факс и праќање извод на e-mail за денарски сметки на правни лица

 

За услугата можете да се регистрирате во Центала-КБ1 како и кај раководителите во Скопските експозитури: Лептокарија, ГТЦ, Автокоманда, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Бисер, Скопјанка, Сити Мол, Буњаковец, Драчево, Цветан Димов, 11 Октомври, Маџари и Макпетрол, како и филијалите низ Републиката. Дополнителни информации во врска со оваа услуга можете да добиете на следниот телефонски број: 02/3168-968.

 

За помош, технички проблеми, прашања и поддршка обратете се:
во контакт–центарот на (02) 3296 800, од 08:00 до 20:00 часот или на e-mail адресата: support@kb.com.mk.



Веб-страницата на Комерцијална банка АД Скопје користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).
Прифаќам