Користење на картичката
MasterCard® меѓународната деловна кредитна картичка е прифатена на повеќе од 35 милиони продажни места и повеќе од 2 милиони банкомати во над 120 земји во светот. Подетални информации во врска со прифаќањето на MasterCard картичките можете да добиете на www.mastercard.com.
За подетално објаснување на сите карактеристики на картичката, погледнете ги општите услови за издавање и користење на MasterCard® меѓународна деловна кредитна картичка.
За поголема сигурност и комфор при користењето на картичката ќе Ви помогнат советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје.
Следете го упатството и искористете ја можноста за определување на дневен и периодичен лимит по картичка согласно потребите на Вашата компанија.