Користење на картичката
Кредитната картичка Visa Corporate е прифатена на 40 милиони продажни места и повеќе од 1,9 милиони банкомати во над 170 земји во светот. Со нејзиното користење Вашите пари ќе бидат секогаш со Вас, без да се грижите за носење готовина, кражба, губење или фалсификувани банкноти. Подетални информации во врска со прифаќањето на Visa картичките можете да добиете на www.visa.com.
За подетално објаснување на сите карактеристики на картичката, погледнете ги општите услови за издавање и користење на Visa Corporate.
За поголема сигурност и комфор при користењето на картичката ќе Ви помогнат советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје.
Следете го упатството и искористете ја можноста за определување на дневен и периодичен лимит по картичка согласно потребите на Вашата компанија.