Користење на картичката
Кредитната картичка Visa Business Debit е прифатена на 40 милиони продажни места и повеќе од 1,9 милиони банкомати во над 170 земји во светот. Со нејзиното користење Вашите пари ќе бидат секогаш со Вас, без да се грижите за носење готовина, кражба, губење или фалсификувани банкноти. Подетални информации во врска со прифаќањето на Visa картичките можете да добиете на www.visa.com.
За подетално објаснување на сите карактеристики на картичката, погледнете ги општите услови за издавање и користење на Visa Business Debit.
Покрај основните функции, оваа картичка овозможува и брзо бесконтактно плаќање во трговија без внесување PIN код, за трансакции во износ до 2.500 денари.
За поголема сигурност и комфор при користењето на картичката ќе Ви помогнат советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје.
Следете го упатството и искористете ја можноста за определување на дневен и периодичен лимит по картичка согласно потребите на Вашата компанија.