Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

ЗАВРШЕНА ЈАВНА ПОНУДА за промена на договорните услови за КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА поради корона-кризата

 

 

Врз основа на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ (Службен весник на Република Северна Македонија бр.76/20 од 24.03.2020 година) и Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 80 од 27.03.2020 година со цел ублажување на последиците од пандемијата на COVID-19, Комерцијална банка АД Скопје на ден 31.03.2020 година, ја објавува следната

 

 

ЈАВНА ПОНУДА број 09-600-16172/1 од 31.03.2020

 за промена на договорните услови за КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА

 

 

Понудата се однесува на сите правни лица – корисници на кредитни картички издадени од Банката, кои на 29.02.2020 година се класифицирани во категорија на ризик буква А, Б или В и немаат статус на нефункционална кредитна изложеност.

 

Детални услови на Понудата:

 

 

1.   Грејс период: Во периодот 01.04. - 30.09.2020 година (6 (шест) месеци), износот на месечниот минимум за плаќање ќе изнесува 0% од искористениот кредитен лимит на крајот од месецот, односно НЕМА да достасува месечен износ за плаќање.

2.   Висина на кредитен лимит: Износот на одобрениот кредитен лимит нема да се намалува до 30.09.2020 година.

3.   Камата пресметана за време на грејс периодот: Во грејс периодот Банката ќе пресметува и наплатува камата согласно одредбите предвидени во Договорот за користење кредитна картичка. За износот на пресметана и наплатена камата и редовни месечни надоместоци предвидени во Договорот, Банката ќе го зголеми износот на кредитен лимит и сметката нема да има третман на надминат кредитен лимит.

4.   Траен налог: Во грејс периодот, трајниот налог за наплата на обврските по кредитната картичка, ќе биде ставен во мирување.

5.   Период на враќање во редовна отплата: Почнувајќи од 01.10.2020 година, како основа за пресметката на минимален износ за плаќање предвиден во Договорот за кредитна картичка, ќе се користи долгот на сметката со состојба 30.09.2020 година.

6.   Самостојни уплати на кредитната картичка: За време на грејс периодот имате право самостојно да вршите уплати на кредитната картичка. Сите уплати на сметката на кредитната картичка извршени во грејс периодот, ќе се евидентираат како приливи на сметката и ќе бидат на располагање на корисникот за користење со картичката.

7.   Правно дејство на Понудата: Правното дејство на изменетите услови од договорот за користење на кредитна картичка има важност и на целокупната договорна пропратна документација, сите нотарски исправи и обезбедувања (договори за залог владетелски - невладетелски, меници, гаранции, договори за пристапување кон долг, и останати договори за какво било друго обезбедување), и тоа без склучување нови договори/анекси кон постоечките договори, нотарски исправи и останати инструменти на обезбедување, како и без да се врши промена на веќе запишаните податоци во јавните книги и регистри.

8.   Услов за кумулативност: Понудата е неделива и важи само со кумулативно исполнување и прифаќање на сите погоре наведени услови за секој поединечен Договор за кредитна картичка.

9.   Останати договорни одредби: Сите останати договорни одредби од постоечкиот договор, кои не се опфатени во оваа понуда, остануваат во важност за цело времетраење на Договорот.

 

 

 

ОСТАНАТИ ДОГОВОРНИ  УСЛОВИ

 

 

 

Со објавувањето на оваа Понуда на веб-страницата на Банката, се смета дека Понудата е доставена до сите правни лица корисници на кредитни картички, солидарните должници и заложните должници, на денот на објавувањето.

 

Сите правни лица корисници на кредитни картички, солидарните должници и заложните должници, кои ги исполнуваат условите на оваа Понуда, во рок од 10 (десет) дена од објавата на оваа Понуда, односно најдоцна до 10.04.2020 година, до 16:00 часот, имаат право да ја или ПРИФАТАТ или ОДБИЈАТ Понудата со известување испратено до Банката по електронски или писмен пат. Доколку правното лице има повеќе сметки за кредитни картички во Банката, има право поединечно да одлучи да ја прифати или одбие Понудата за секоја сметка со јасна назнака за прифаќање или одбивање на понудата за секоја од нив.

 

Доколку до Банката не биде доставено никакво известување во наведениот рок, се смета дека Понудата е одбиена.

 

Само за правните лица коишто ќе испратат известување за прифаќање на Понудата на Банката до 10.04.2020 година, сите услови од оваа Понуда стануваат договорни одреби кои се составен дел на склучените договори со правните лица корисници на кредитни картички, солидарните должници и заложните должници.

 

Променетите услови од Договорите за кредитни картички, како и сите нотарски исправи и обезбедувања (договори за залог владетелски - невладетелски, меници, гаранции, договори за пристапување кон долг и останати договори за какво било друго обезбедување) спрема правните лица корисници на кредитни картички, солидарните должници и заложните должници, произведуваат правно дејство по истекот на рокот од 10 (десет) дена од објавата на оваа Понуда, без склучување нови договори и/или анекси кон постоечките договори, нотарски исправи и останати инструменти на обезбедување, како и без да се врши промена на веќе запишаните податоци во јавните книги и регистри.



ВАЖНА НАПОМЕНА:

 

За правните лица кои ќе испратат известување до Банката дека ја ОДБИВААТ Понудата, како и оние правни лица кои нема да достават известување до Банката во предвидениот рок, се смета дека договорните одредби од склучените договори со Банката остануваат непроменети и во важност.

 

 

Известување за прифаќање или одбивање на Понудата, клиентите испраќаат на ЕДЕН од понудените начини за известување наведени во продолжение:

 

 

А.       Писмено известување на следната адреса:

 

Ул. Орце Николов бр. 3, 1000 Скопје, со назнака „Прифаќање/Одбивање на Јавна понуда број 09-600-16172/1 од 31.03.2020, при што во самиот документ треба да наведете назив на правното лице, датум и потпис на овластено лице, како и сите поединечни сметки на кредитни картички, со јасна назнака за прифаќање или одбивање на Понудата за секоја од нив.

Сите писмени известувања, кои ќе бидат примени во архивата на Банката на горенаведената адреса или испратени по пошта со поштенски печат на ковертот во рокот додека важи Понудата, односно заклучно со 10.04.2020 година, ќе бидат прифатени согласно важноста на Понудата.

 

или

 

 

Б.        Електронско известување  на следнива е-mail адреса:

delovni-covid19@kb.com.mk , при што во самото известување треба да наведете назив на правното лице, како и сите поединечни сметки на кредитни картички со јасна назнака за прифаќање или одбивање на Понудата за секоја од нив. Известувањето се доставува согласно рокот од 10 (десет) дена од објавата на оваа Понуда, односно најдоцна до 10.04.2020 година, до 16:00 часот.

 

НАПОМЕНА: Eлектронското известување ќе се смета за валидно само ако е испратено од е-mail адресата на правното лице наведена во последна тековна состојба доставена во Банката.

 

 

 

Датум на Јавната понуда: 31.03.2020 година

 

 

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

 

 



Веб-страницата на Комерцијална банка АД Скопје користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).
Прифаќам