Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Осигурување

 
Сега преку Комерцијална банка можете да ги добиете сите осигурителни полиси за потребите на Вашиот бизнис, без дополнителни трошоци и во олеснета постапка.


Ја добивате целосната услуга на осигурителните компании надополнета со поддршка од нашите кредитни референти кои ја водат целата документација со Вас.

Со полисите обезбедени во Комерцијална банка преку нашите искусни партнери Осигурување Македонија АД Скопје - ВИГ и Триглав осигурување АД Скопје, добивате највисока сигурност и Вашиот бизнис го ослободувате од ризик.

Вложувањето во полиса претставува симболичен износ во споредба со штетите кои би ги претрпеле при непосакуван настан. Полисите се изработуваат наменски за Вашите конкретни потреби, а ги добивате сите услови и попусти на осигурителните компании, без дополнителни провизии.

Во Комерцијална банка може да извадите полиса за имот што е заложен како обезбедување за кредит или за која било потреба на Вашиот бизнис:

  • Осигурување од пожар и други опасности,
  • Осигурување машини од кршење и расипување,
  • Осигурување стока во превоз - карго осигурување,
  • Осигурување на побарувања од ризик на ненаплата,
  • Колективно осигурување на вработени,
  • Провална кражба и разбојништво,
  • Осигурување објекти во градба и монтажа и други видови осигурување.



Дополнително, можете да ги користите и полисите за неживотно осигурување наменети за физички лица.

Сите информации во врска со осигурителните полиси може да ги добиете од Вашиот кредитен референт или на тел.: (02) 3168-419, e-mail: Bojan.Slabev@kb.com.mk.



Веб-страницата на Комерцијална банка АД Скопје користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).
Прифаќам