Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Дигитални киосци

 

Вашите сметки за јавни услуги сега може да ги плаќате на дигиталните киосци на Комерцијална банка без провизија, без посета на шалтер и со картичка од која било банка. Преку дигиталните киосци ние ви ги нудиме погодностите на дигиталниот финансиски свет, а вие заштедувате време и пари.   

 

Со ова единствено и модерно решение ви овозможуваме бесплатно, брзо и во кој било дел од денот (24/7) да ги плаќате сметките кон:

 

  • ЕВН
  • БЕГ
  • Телеком
  • А1
  • Телекабел

 

Извршете го плаќањето на сметките на едноставен и сигурен начин, водени од апликацијата која ќе ви се прикаже на екранот. Плаќањето ќе го завршите брзо затоа што апликацијата бара од вас само да:

 

  • Скенирате баркод или рачно да внесете  број на фактура/сметка
  • Внесете банкарска картичка во читачот или до читачот доколку е бесконтактна

 

На крај добивате печатена потврда за успешно завршена трансакција.

 

За клиентите (физички лица) кои имаат претплата на Интернет банка на Комерцијална банка дигиталните киосци обезбедуваат уште една привилегија – тие може да испечатат извод од својата трансакциска сметка.

 

Бројот на дигитални киосци на Комерцијална банка постојано се зголемува.

Во моментов дигиталните киосци се достапни на следните локации:

 

  • Дигитална експозитура ул. Македонија, Скопје
  • Експозитура ГТЦ, Скопје
  • Експозитура Бисер, Скопје
  • Експозитура Дебар, Дебар
  • Експозитура Буњаковец, Скопје
  • Експозитура Лептокарија, Скопје



Веб-страницата на Комерцијална банка АД Скопје користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).
Прифаќам