Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

СПОНЗОРСТВА И ДОНАЦИИ


Комерцијална банка како водечка банка во Република Северна Македонија активно е вклучена во развојот и благосостојбата на нацијата, луѓето и здравата и чиста животна средина преку поддржувањето на широк спектар на организации, активности и настани, а со цел да се промовираат и прослават успехот, иновациите, напредокот во следниве области:

  • Спорт;     
  • Уметност;     
  • Научно-истражувачка и издавачка дејност и конференции;     
  • Општествени/социјални;     
  • Медиуми;     
  • Простории;     
  • Доколку сакате да аплицирате за спонзорство пополнете го следното барање за спонзорство.


2021


Комерцијална банка, Генерален покровител на наградата „Роман на годината“ за 2020

 

sl   

 

Комерцијална банка и оваа година имаше чест да биде Генерален покровител на значајната награда „Роман на годината“ за 2020 година, која му беше врачена на Владимир Јанковски за неговото дело „Скриени желби, немирни патувања“, во издание на „Антолог“.

 

Оваа веќе традиционална и престижна награда од областа на домашното културно творештво ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“. Нејзината вредност е дотолку поголема бидејќи се доделува на роман кој е за првпат објавен, со што придонесува за афирмација на македонската романсиерска продукција и за поддршка на домашните автори.

 

Годинава, за наградата одлучуваше жири-комисија во состав: Оливера Николова (лауреат за 2019 година), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева.

 

„Литературата и раскажувањето приказни ни се потребни бидејќи прикажуваат дека животот е полн со нијанси, не е црно-бел, туку полн со различни перспективи. Треба сите да се потрудиме литературата и уметноста да допрат до нашите сограѓани бидејќи така создаваме посложена перспектива за животот што н? опкружува. Затоа приказните и литературата се многу битни“, изјави лауератот Јанковски при доделувањето на наградата.

 

Банката е генерален покровител на наградата „Роман на годината“ од 2017 година, при што обезбедува парична награда во вредност од 150.000 денари за лауреатот и уште 183.000 денари за паричен надоместок на членовите на жири-комисијата.

 

sl2

 


Продолжена соработката со Црвен крст на Македонија

 

Комерцијална банка АД Скопје 11 години во континуитет има плодна соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија како Генерален покровител на проектот „Подобра социјализација на децата и младите со посебни потреби“.

 

Со вклучувањето во овој проект Банката, како општествено одговорна компанија, им овозможува на децата и младинците со посебни потреби да ги развијат здравиот дух и креативниот капацитет, дополнително да се едуцираат и целосно да се интегрираат во општеството.

 

Продолжувањето на соработката со Црвениот крст и поддршката на овој проект ги потврдува напорите на Банката за долгорочен и систематски пристап кон подобрување на положбата на ранливите групи во заедницата.

 


Комерцијална банка и Mastercard® со донација од 10.000 евра за помош и грижа на деца со аутизам

25denadonacija

 
Новогодишните и Божиќните празници оваа година, како никогаш досега, ни ги предочија семејните вредности, почитувањето и одговорноста, бесценетоста на помагањето и на грижата за другите. Но, хуманите вредности и општествената одговорност се дел од принципите на деловната практика на Комерцијална банка во континуитет. Ние помагаме за сите да победиме.

 

Со истата мисија Комерцијална банка ја започна и новата година, а грижата и помошта овој пат се наменети за децата со аутизам. Банката и Mastercard® во својот проект по повод 25 години соработка обезбедија донација во вредност од 612.308 денари за четири здруженија кои се грижат за помош и поголема инклузивност на децата со аутизам. Финансиска помош добија Македонското научно здружение за аутизам, Здружението на граѓани за третман на лица со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“, Здружението за унапредување на квалитетот на животот на лицата со нарушувања од спектарот на аутизам „Сина светулка“ и Македонската асоцијација за Бочија Штип, за реализација на проекти кои треба да им помогнат на децата со аутизам и на нивните родители полесно да се справат со состојбата во која се наоѓаат, особено во услови на пандемија.

 

Хуманиот проект беше спроведен по повод 25 години од издавањето на првата Mastercard картичка од Комерцијална банка, која воедно беше и првата Mastercard картичка во нашата земја. Kампањата „Комерцијална банка и Mastercard® - Заедно за нешто бесценето“ се реализираше во периодот од 15 декември до 8 јануари. Додека нашите клиенти уживаа во празничното пазарување, ние за секоја нивна трансакција направена со картичките Mastercard од Комерцијална банка на продажни места или он-лајн од сопствени средства издвојувавме за донација за деца со аутизам.
 

Комерцијална банка спонзор на новиот албум на Влатко Стефановски

 

влатко

 

 

Музиката и задоволството секогаш доаѓаат во пар. Овој пат, музиката ни ја донесе нашата легенда Влатко Стефановски, кој пред македонската публика го покажа својот најнов албум „Taftalidze Shuffle“, а задоволството беше наше како  спонзор на ова најново музичко дело на гитарскиот виртуоз. Он-лајн промоцијата на албумот се одржа во просториите на книжарницата Литература.мк во ТЦ Сити мол во Скопје, на која беше прикажан и видеоспотот на темата „Огледало“. Во очекување на промотивен концерт, уште еднаш испраќаме честитки до нашиот виртуоз Влатко Стефановски.   


А Р Х И В А 

Веб-страницата на Комерцијална банка АД Скопје користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).
Прифаќам