Користење на картичката
Debit MasterCard® World е дебитна картичка која можете едноставно да ја користите низ целиот свет и да трошите толку колку што имате на Вашата трансакциска сметка, а доколку сте вработен или пензионер можете да користите и одредено дозволено пречекорување.
Прифатена е на повеќе од 35 милиони локации во светот на кои е истакнат знакот на MasterCard®. Со нејзиното користење Вашите пари ќе бидат секогаш со Вас, без да се грижите за носење готовина, страв од кражба, губење или фалсификувани банкноти.
Покрај основните функции, оваа картичка овозможува и брзо бесконтактно плаќање во трговија без внесување на PIN код, за трансакции во износ до 2.000 денари.
Подетални информации во врска со прифаќањето на овие картичките можете да добиете на www.mastercard.com.
Погледнете ја целосната листа на банкомати на Комерцијална банка АД Скопје и пронајдете го најблискиот до Вас.
За поголема сигурност и комфор при користењето на картичката ќе Ви помогнат советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје.