Старателски работи над хартии од вредност
Како дел од широкиот спектар на производи и услуги со хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје на своите постоечки и идни клиенти им нуди висококвалитетни и сигурни старателски услуги над хартии од вредност, со осoбен фокус на индивидуалниот пристап до клиентот.
Самите почетоци на оваа услуга датираат од 2002 година, со отвoрање и водење на првите старателски сметки. Оттогаш до денес, Комерцијална банка АД Скопје постојано работи на усовршување на што поквалитетни услуги и настојува да одржи високи стандарди, но со максимална флексибилност во работењето во рамки на законската регулатива.
Во рамки на стандардната понуда на старателските услуги влегуваат следните активности:
- Отворање и водење на сметки за хартии од вредност и наменски парични сметки во Централниот депозитар за хартии од вредност и во Банката;
- Чување и одржување на портфолиото на хартиите од вредност на клиентот;
- Порамнување на трансакции поврзани со тргување со хартии од вредност согласно инструкции на клиентот;
- Известување за состојбите и промените на сметките за хартии од вредност и наменските парични сметки;
- Следење и навремени известувања за коорпоративни настани;
- Реализација на права кои произлегуваат од сопственоста на хартиите од вредност на клиентите согласно неговите инструкции, како наплата на дивиденди, камата и главница и друг вид приход од хартиите од вредност;
- Услуги на застапување на собранија на акционерски друштва;
- Известување за новините на пазарот на капитал и измените на законските прописи;
- Плаќање на даночни обврски во име на клиентите кои произлегуваат од сопственоста над хартиите од вредност кои се водат на збирна сметка на Банката;
- Други активности согласно потребите и барањата на различни категории клиенти, согласно законската регулатива и преземените договорни обврски.
Потребна е следната документација за склучување на старателски договор:
- Апликација за отворање на старателска сметка;
- Специмен на потписи на овластени лица;
- Документи за идентификација и регистрирање на клиент, односно негови овластени лица;
- Други дополнителни документи, зависно од категоријата на клиентот.
Надоместоци на Банката поврзани со старателското работење се за:
- Одржување на портфолио;
- Трансакциски трошок;
- Proxy voting;
- Реални трошоци;
- Други трошоци согласно тарифа.
Во своето работење како старателска банка Комерцијална банка АД Скопје применува високи стандарди, користејќи софистицирани софтверски програми и комуникација со SWIFT МТ пораки од категорија 5, со цел да ги задоволи потребите на различни категории клиенти.
Лица за контакт
Соња Угриновска Бојаџиевска
Елизабета Манасијевска
Телефон: (02) 3168-311; (02) 3168-310
Факс: (02) 3225-056
e-mail:
Маја Герасимовска
Телефон: (02) 3168-323
e-mail: