Берзанско посредување
Нашата банка посветува посебно внимание на работата со правните лица во посредувањето при купопродажба на хартии од вредност на Македонската берза.
За тргувањето со хартии од вредност потребни се следните документи:
- копија од судска регистрација
- копија од извод од Заводот за статистика
- даночна картичка и
- денарска сметка на друштвото во една од банките во РМ.
Врз основа на наведената документација се изработува Општ договор за соработка.
Во случај на купување хартии од вредност, потребно е друштвото претходно да ги обезбеди средствата потребни за реализација на трансакцијата, а во случај на продажба, друштвото има обврска да достави потврда за сопственост на хартиите од вредност од Централниот депозитар за хартии од вредност. Потоа, друштвото дава налог за тргување (купување или продавање) на одредена хартија од вредност.
Општите услови на Комерцијална банка АД Скопје за работење со хартии од вредност, Тарифникот и Процедурите за извршување на налозите од клиентите под најповолни услови можете да ги преземете од следните линкови:
Лица за контакт
Михајло Брова Зиков
Телефон: (02) 3247-431; (02) 3168-321
Факс: (02) 3111-037;(02) 3213-225
e-mail:
e-mail: