SMS банкарство, Факс, IVR, извод на Е-mail, за денарски трансакциски сметки на правни лица
За полесно и поедноставно следење односно увид на промените и состојбата на Вашата трансакциска сметка, Банката Ви ги нуди следните услуги:
- SMS известувања на мобилен телефон за приливи и одливи од денарската трансакциска сметка,
- Бесплатно доставување изводи на E-mail и
- Известување за промените на денарската трансакциска сметка преку Факс или Говорен автомат(IVR, 02 3247 480) .
Корисник на услугата може да биде правно лице кое има отворено денарска трансакциска сметка, и/или:
- поседува мобилен телефон
- поседува факс апарат
- поседува валидна е-mail адреса уредно пријавена во Банката
Надоместоци за користење на услугата SMS банкарство за денарски трансакциски сметки на правни лица:
НАДОМЕСТОЦИ ЗА УСЛУГИТЕ SMS, ФАКС, IVR, E-mail - ПРАВНИ ЛИЦА
|
Извод испратен на E-mail адреса |
без надомест
|
СМС известувања за приливи и одливи од денарска трансакциона сметка |
3 денари
|
ФАКС известувања за промени на денарска трансакциона сметка |
3 денари
|
Порака преку говорен автомат - IVR |
8 денари
|
Надомест за испраќање на СМС известувања дефинирани од страна на Банката |
без надомест
|
Потребни документи
За добивање и користење на услугата SMS банкарство за денарски трансакциски сметки на правни лица потребни се следните документи:
- Барање за користење на услугите SMS, Факс, Говорен автомат и праќање извод на e-mail за денарски сметки на правни лица
- Општи услови за користење на услугите SMS, Факс, Говорен автомат и праќање извод на e-mail за денарски сметки на правни лица
За услугата можете да се регистрирате во Центала-КБ1 како и кај раководителите во Скопските експозитури: Лептокарија, ГТЦ, Автокоманда, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Бисер, Скопјанка, Сити Мол, Буњаковец, Драчево, Цветан Димов, 11 Октомври, Маџари и Макпетрол, како и Филијалите низ Републиката. Дополнителни информации во врска со оваа услуга можете да добиете на следниот телефонски број: 02/3168-968.
За помош, технички проблеми, прашања и поддршка обратете се:
во контакт–центарот на (02) 3296 800, од 08:00 до 20:00 часот или на e-mail адресата: support@kb.com.mk.